Уште еден поранешен суперлигаш се откажа од Првата лига

103

Трендот на откажување на клубови од Првата лига продолжува – по Металург РА и Скопје, како и Борец ФЛ, од настап во прволигашката конкуренција се откажа и Астраион од Струмица.

Овој клуб, кој беше и дел од Супер лигата, во последните сезони колку-толку успеваше да опстои, но за новата сезона донесе одлука да не пријави екипа во Прва лига.

Причините се добро познати: недостиг од играчи, финансиски проблеми и недостаток на услови за нормално функционирање.

Со тоа, по повеќе од две децении, Струмица останува без ракомет, а тоа е лоша вест за ракометните љубители од овој град и играчите.

Новата сезона во Првата лига ќе стартува на 13/14 септември, а со откажувањето на Астраион бројот на учесници се намали на 13 клубови.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT