Деспина со успешен старт во Првата лига

108

Екипата на Деспина, предводена од новиот тренер Зоран Спиркоски, победнички ја започна сезоната во Првата лига, откако на гостувањето во Скопје кај Шампион славеше со убедливи 29:12.

Прилепчанки одиграа рутински и немаа многу проблеми, а најрасположена во победничката екипа беше кадетската репрезентативка Анастасија Јованоска, која постигна седум погодоци, два помалку имаа Матеа Христоска и Магдалена Ѓорѓиоска.

Деспина во следното, 2. коло, на свој терен ќе ги одмери силите против амбициозниот Атлетик, клуб кој е главен фаворит за првото место во прволигашката конкуренција.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT