По стартниот пораз од Ѓер во првото коло, тимот на Сомбатељ, во кој настапуваат двете репрезентативки на Македонија, Јована Кипријановска и Ивана Џатевска, пред својата публика славеше против Козармислени со 28:26 во 2. коло од најсилното унгарско натпреварување.
Двете Македонки одиграа на висина на задачата и дадоа голем придонес во победата на Сомбатељ, па така Кипријановска натпреварот го заврши со три погодоци, додека Џатевска имаше два од два.
Кипријановска, која летово се пресели од Франција во унгарскиот клуб, за време на подготвителниот период се покажа во солидно светло.
Во следното коло, кое ќе биде по ЕХФ неделата, Сомбатељ ќе ги одмери силите со Алба Фехервар.