Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет ја забележа првата победа во новата сезона, откако на гостувањето во Струга кај Стружанка славеше со 33:26 (14:14) во рамки од 2. коло од прволигашката конкуренција.
Тимот од Свети Николе беше предводен од Елена Вучевска со 13 и Анастасија Сентовска со девет погодоци, додека во таборот на домашниот тим се истакнаа Теодора Маркоска и Маја Раткушиноска со по четири погодоци, а еден помалку имаше Јана Петреска.
Избраничките на Илија Бетувски во следното коло, кое ќе се одигра по ЕХФ неделата, на свој терен ќе го пречекаат Шампион.