Брутален напад врз четворица ракометари од професионалци во боречки вештини

142

Според објавувањата на француските медиуми, четворица ракометари на Балма, екипа која учествува во Втората француска лига, биле брутално нападнати во центарот на Нант.

По победата на Балма на натпреварот против АСБ Резе (33-27) во првото коло од шампионатот, дел од играчите продолжиле со славењето во центарот на градот.

Неколку часа по полноќ, додека четворица чекале такси за враќање во хотелот, биле нападнати од двајца непознати лица, кои според извештаите биле опишани како професионалци во боречки вештини.

Според полицискиот извештај, двајцата непознати напаѓачи со еден удар нанеле нокаут на двајца од ракометарите, кои моментално изгубиле свест. Сите четворица биле пренесени во болница, при што тројца останале на опсервација.

По нападот, веднаш било поднесено пријава во централната полиција на Нант.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT