Томовски е број 1 во Бундес лигата: На три натпревари има 46 одбрани!

26

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски ова лето одлучи да остане во Германија и потпиша за тимот на Битигхајм.

На првите три натпревари, Македонецот покажа дека е капитално засилување за некогашниот тим од Првата Бундес лига.

По три одиграни кола, Томовски е најдобриот голман во Втората Бундес лига со 46 одбрани (41% на успешност).

Томовски во 3. коло против ТУС Либек повторно беше на висина на задачата и забележа 15 одбрани, а неговиот тим благодарение на неговите интервенции дојде до бод (27:27).

Во 2. коло, против Лубек, тој запиша 11 интервенции, а во 1. коло, против Елбфлоренц, имаше дури 20 одбранети удари.

Пред да започне сезоната во второто по ранг натпреварување во Германија, тимот на Томовски славеше против неговиот екс клуб Потсдсм со 25:24 во рамки од првото коло од германскиот Куп.

На тој натпревар, Томовски забележа 16 интервенции.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT