Прволигашот Вардар полека го комплетира играчкиот ростер за новата натпреварувачка сезона. Во редовите на „црвено-црните“ пристигна првото засилување од странство. Станува збор за Дешон Хемптон од САД, а во вардаровиот тим доаѓа од Луксембург, односно од тимот на Ширен. Вардарци новата сезона од Првата лига ќе ја започнат на свој терен, а прв ривал ќе им биде Гостивар.
Претходна вест
Следна вест