Екипита на Еурофарм Пелистер дојде до 4-та победа во кадетската лига, откако на гостувањето во Прилеп кај истоимената екипа славеше со 38:28 во натпревар од 5. коло.
Избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски победата ја обезбедија уште во првиот дел, кој го добија со 20:12, а во второто полувреме немаше поголеми промени.
Одличен натпревар одигра членот на Еурофарм Пелистер, Андреј Георгиев, кој постигна дури 14 погодоци, сите од игра. Најефикасен во домашниот табор беше Бојан Стојкоски со седум погодоци.
Кадетска машка лига, 5. коло, резултати:
Група А
Tекстилец – Мулти Есенс 20:44 (12:22)
12/10, 12:00, Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш
12/10, 14:30, Вардар – Овче Поле
12/10, 18:00, Младост – Илинден Вардар
Група Б
Прилеп – Еурофарм Пелистер 28:38 (12:20)
Македонија Ѓорче Петров – Преспа 33:33 (15:14)
12/10, 12:00, Струга – Алкалоид
12/10, 13:00, Охрид – Пролет