Атанасовски во елемент, Текстилец го изненади Вардар Неготино

164

Екипата на Текстилец на свој терен направи големо изненадување, откако славеше над еден од кандидатите за висок пласман во Првата лига – Вардар Неготино со 35:33 (18:13) во рамките од 5. коло.

Вардар Неготино сега има два порази и три победи на свое конто, додека Текстилец три победи и еден пораз.

Домаќините речиси во текот на целиот натпревар беа во водство, а гостите од Неготино во последниот период се вратија во игра, поведоа, но во клучните моменти Текстилец го задржа минималното водство и заслужено се радуваше на освоените бодови.

Предводник во победничката екипа беше Јован Атанасовски со 11 погодоци, седум постигна Милисав Петров, шест додаде Филип Џинис. На голот одличен беше Борче Боболковски, кој на гостите им одбрани 13 удари.

Во тимот предводен од Пепи Манасков се истакна Мице Шилегов со десет погодоци.

Прва машка лига, 5. коло, резултати:
Младост – Овче Поле 46:29 (23:13)
Текстилец – Вардар Неготино 35:33 (18:13)
Драчево Јуниор – Партизан 53:26 (26:13)
Аеродром – Преспа 33:25 (17:11)
12/10, 19:00, Кичево – Мулти Есенс
12/10, 19:00, Јехона – Македонија Ѓорче Петров
Шампион слободен

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT