Клењоски и Ѓорговски ефикасни, Пејоски одличен на голот – Струга преку Алкалоид до прва радост во кадетската лига

271

Кадетската екипа на Струга во натпревар од 5. коло успеа да го совлада Алкалоид со 28:26 (12:13) за прва сезонска победа.

Тимот предводен од Жарко Ферукоски и Наум Костоски одигра одлично во второто полувреме, успеа да ја подобри одбраната и реализацијата и во последниот дел не му дозволи на гостинот да има какви шанси за кам-бек.

Војо Клењоски беше најефикасен во победничката екипа со 12 погодоци, а осум имаше Валентин Ѓорговски. Голманот на Струга, Михаил Пејоски бранеше цел натпревар и за 60 минути забележа 20 интервенции.

Кај поразениот табор се истакна Михаил Арсиќ, кој одигра одлично, но неговите 12 погодоци не беа доволни за барем бод на средбата.

Кадетска машка лига, 5. коло, резултати:

Група А
Tекстилец – Мулти Есенс 20:44 (12:22)
Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш 32:19 (19:9)
Вардар – Овче Поле 35:24 (19:11)
12/10, 18:00, Младост – Илинден Вардар

Група Б
Прилеп – Еурофарм Пелистер  28:38 (12:20)
Македонија Ѓорче Петров – Преспа 33:33 (15:14)
Струга – Алкалоид 28:26 (12:13)
Охрид – Пролет 28:40 (15:21)

Гол шоу на Андреј Георгиев, пелистерци без проблеми во Прилеп

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT