Павловски и Ивановски блескаа, Илинден Вардар победнички си замина од Богданци

385

Со натпреварот меѓу Младост Богданци и Илинден Вардар беше комплетирано петтото коло во кадетската машка лига.

Тимот предводен од Дарко Јанев славеше убедливо против домаќините со 44:35, а двајца ракометари од гостинската екипа имаа свое шоу на теренот.

Станува збор за Никола Павловски и Дамјан Ивановски, кои постигнаа по 12 погодоци, речиси сите од игра. Кај Младост Богданци, најрасположен за игра беше Методи Младеновски со осум погодоци.

За Илинден Вардар ова беше втор сезонски триумф, додека Младост Богданци исто така има две победи во досегашниот тек од сезоната.

Кадетска машка лига, 5. коло, резултати:

Група А
Tекстилец – Мулти Есенс 20:44 (12:22)
Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш 32:19 (19:9)
Вардар – Овче Поле 35:24 (19:11)
Младост – Илинден Вардар 35:44 (21:22)

Група Б
Прилеп – Еурофарм Пелистер  28:38 (12:20)
Македонија Ѓорче Петров – Преспа 33:33 (15:14)
Струга – Алкалоид 28:26 (12:13)
Охрид – Пролет 28:40 (15:21)

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT