Џинес херој на Текстилец, Овче Поле со празни раце заминува од Штип

404

Екипата на Текстилец со голот на Филип Џинес  на пет секунди пред крајот славеше против Текстилец, 33:32 (17:17), во натпревар од 7. коло кај прволигашите.

Текстилец сега во Првата лига има четири победи, односно осум бода, додека тимот од Свети Николе останува на три победи.

На денешниот натпревар главно се играше гол за гол, двете екипи наизменично се менуваа во водство, а јасно беше дека исходот ќе се решава во последната минута.

Во тие моменти гостите преку Димчевски израмнија на 32:32, но Филип Џинес со погодок на пет секунди пред крајот му донесе победа на домаќинот.

Најефикасен во победничкиот состав беше Јован Атанасовски со девет погодоци, Џинес запиша осум, а седум додаде Јован Величков.

На спротивната страна, 10-те погодоци на Иван Димчевски не беа доволни за барем бод на гостинскиот тим.

Прва машка лига, 7. коло, резултати:
Младост – Мулти Есенс 31:30 (16:15)
Аеродром – Партизан 33:31(18:13)
Јехоно – Кичево 35:24 (20:13)
Драчево – Македонија Ѓорче Петров 29:20 (13:9)
Текстилец – Овче Поле 33:32 (17:17)
26/10, 18:00, Шампион – Вардар Неготино
Преспа слоб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT