Андреј Георгиев повторно незапирлив, кадетскиот шампион доминантен против Струга

218

Актуелниот шампион во кадетската лига, екипата на Еурофарм Пелистер, во натпревар од 7. коло забележа висока победа на гостувањето во Струга против истоимената екипа со 34:19.

Еурофарм Пелистер на свое конто има 12 бода, доволно за второто место во групата Б. Младите битолчани триумфираа на шест натпревари, а загубија само еднаш.

Избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски ја обезбедија победата уште во првиот дел, кој го добија со плус десет, 16:6, а во продолжението само ја потврдија доминацијата.

Повторно свое шоу имаше Андреј Георгиев, кој за победничката екипа постигна дури 14 погодоци, со што уште еднаш ја потврди одличната форма од стартот на сезоната.

Кај Струга најефикасен беше Валентин Ѓорговски со шест погодоци.

Наредниот викенд со натпреварите од 8. коло ќе заврши првиот дел од сезоната, а ќе се продолжи во 2026, односно на 21/22 февруари.

Кадетска машка лига, 7. коло, резултати:

Група А
Текстилец – Радовиш 36:25 (18:12)
Илинден Вардар – Овче Поле 27:17 (15:9)
Вардар – Еурофарм Пелистер 2 39:25 (19:15)
10/11, 17:00, Младост – Мулти Есенс

Група Б
Прилеп – Пролет 27:46 (13:20)
Струга – Еурофарм Пелистер 19:34 (16:16)
Алкалоид – Преспа 28:31 (13:19)
09/11, 16:00, Македонија Ѓорче Петров – Охрид

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT