Поранешниот европски првак, тимот на Кил, во натпревар од 11. коло од Бундес лигата за ривал го имаше незгодниот Бергишер.
Избраниците на Филип Јиха триумфираа со осум гола разлика, 43:35, а во дресот на „зебрите“ дебитираше еден од најдобрите светски голмани – Гонзало Перес де Варгас.
Шпанецот во февруари, тогаш како член на Барселона, ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото на дуелот против Бидасоа.
Следуваше операција и долга рехабилитација, а осум месеци подоцна конечно се врати меѓу стативите, овојпат како член на Кил.
Што се однесува до натпреварот, најзаслужен за победата на Кил беше репрезентативецот на Фарски Острови, Елијас Елефсен Скипаготу, кој постигна дури 14 погодоци. Средниот бек запиша и четири асистенции.
Кај Бергишер, Лукас Бехер и Јаник Франц отскокнаа со по седум, односно шест погодоци.