Еурофарм Пелистер 2 го доби братското дерби за „седум од седум“ кај младинците

284

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 славеше во братското дерби против Еурофарм Пелистер со 28:26, во натпревар од 7. коло од младинската лига во машка конкуренција.

Со денешната победа, тимот на Еурофарм Пелистер 2, заедно со бранителот на титулата Мулти Есенс, останува на максимален учинок, седум победи на седум натпревари.

Победничката екипа беше предводена од Лука Ѓорѓиевски со девет погодоци, пет постигна Томче Пецаковски, а четири додаде Алдин Фехми.

Во поразениот табор, одлична партија имаше Стефан Василевски, кој запиша 11 погодоци и имаше 100% реализација од пенал (6/6).

На победа во седмото коло се радуваа и Бутел Скопје, Мулти Есенс и Пролет. Бутелци, предводени од Давид Јаневски (10) и Марко Каевски (8), триумфираа над Куманово, додека Мулти Есенс немаше многу проблеми на дуелот со Вардар.

Пролет на свој терен славеше над Тиквеш и се избори за трета сезонска победа. Домашната екипа беше предводена од Горазд Дамчевски со седум погодоци, а по пет постигнаа Давор Крстески и Ѓорѓи Лешниковски. 11-те погодоци на Матеј Петрески за Тиквеш не беа доволни кавадарчани да си заминат со позитивен резултат.

Седмото коло ќе биде комплетирано со вечерашниот натпревар меѓу Алкалоид и Вардар Неготино.

Младинска машка лига, 7. коло, резултати:
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 26:28 (13:12)
Бутел – Куманово 32:29 (17:12)
Пролет – Тиквеш 38:29 (17:13)
Мулти Есенс – Вардар 36:23 (17:11)
10/11, 20:30, Алкалоид – Вардар Неготино

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT