Еурофарм Пелистер 2 и Охрид остануваат на максимум во пионерската лига

202

Наредниот викенд ќе се одигра последното коло за оваа година кај пионерите, а по осум одиграни кола, Охрид од Група А и Еурофарм Пелистер 2 од Група Б се единствените екипи кои имаат 100% учинок во досегашниот тек од сезоната.

Во натпреварот на непоразените во Групата Б, Еурофарм Пелистер 2 пред својата публика славеше над Алкалоид со осум гола разлика, 18:10. Младите битолчани во победата беа предводени од Андреј Китески, кој постигна пет погодоци, а солиден на голот беше и Данило Соколески. Кај поразениот табор, најефикасен беше Петар Митев со три погодоци.

Актуелниот бранител на титулата кај пионерите, Охрид, предводен од Илија Трајчевски (7) и Јован Спиркоски (6), славеше над Вардар со 23:16. Тимот на Наум Бабачев имаше фуриозен старт, поведе со 10:1, на полувреме замина со предност од 11:5 и рутински го одработи вториот дел. 7-те погодоци на Никола Никчевиќ во редовите на „црвено-црните“ не беа доволни за поволен резултат на гостите.

Тимот на Прилеп се радуваше на втора победа, откако славеше над Динг со 19:15. Домаќините во победата беа предводени од Бојан Наскоски, кој постигна дури 10 погодоци, а кај Динг се истакнаа Матеј Ковачески и Петар Дуноски со по четири реализации.

Во групата А, убедливи победи запишаа Пролет и Мулти Есенс, кои славеа против Еурофарм Пелистер, односно Бутел Скопје.

Новиот клуб на ракометната мапа во Македонија, Гемиџии од Велес, го победи Шампион со 36:9, со што се израдува на првата победа во дебитанската сезона.

Пионерска машка лига, 8. коло, резултати:

Група А
Прилеп – Динг 19:15 (8:9)
Охрид – Вардар 23:16 (11:5)
Пролет – Еурофарм Пелистер 21:12 (8:3)
Мулти Есенс – Бутел 33:13 (17:8)
Струга – слоб.

Група Б
Куманово – Тиквеш 23:15 (12:3)
Еурофарм Пелистер – Алкалоид 18:10 (8:4)
Македонија Ѓорче Петров – Младост 31:29 (15:10)
Гемиџии – Шампион 36:9 (17:3)

Најдобрите четири екипи од двете групи ќе обезбедат пласман во четвртфиналето. Битките за Ф4 се закажани за 2/3 и 9/10 мај, а завршниот турнир ќе се одигра на 16 и 17 мај.

ТАБЕЛА

 

Пионерскиот тим на Куманово лесно го совлада Тиквеш

 

 

Димитар Трајковски броеше до 14, пионерите на Македонија Ѓорче Петров се радуваа на четврта победа

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT