Андоновски пред дербито со Драчево Јуниор: Очекувам и во сабота играчите да го остават срцето на терен!

340

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 10. коло во Првата лига, а дербито на колото ќе биде во Богданци, каде што ќе се сретнат Младост и Драчево Јуниор.

Екипата на Младост засега е на максимален учинок, осум победи на исто толку натпревари. Од друга страна, составот на Драчево Јуниор по осум одиграни натпревари има седум победи и еден пораз, кој го доживеа од Вардар Неготино.

Клубот од Богданци со своите игри и резултати потврди дека е прв кандидат за директен пласман во Супер лигата, а претстојниот дуел со тимот на Драчево Јуниор ќе биде уште еден тест за богданчани.

Тренерот на Младост, Горан Андоновски, во изјава за Спортска Димензија истакна дека секој натпревар е важен за тимот, а во саботното дерби очекува неговите избраници да го дадат максимумот и да ја продолжат победничката серија.

,,Уште пред почетокот на првенството најавивме безпоштедна борба за влез во Супер лигата. За нас секој натпревар е со императив дека мора да победиме и ќе се согласите дека е многу тешко така да се функционира. Успеавме да направиме одлична атмосфера и хемија во екипата помеѓу домашните млади играчи и новите засилувањата од страна. Поминавме тешки и исцрпувачки подготовки и играме модерен, ефикасен и брз ракомет во нападот, како и одлична одбрана. Нè очекува последното големо дерби за нас во оваа полусезона, и во сабота ќе настапиме максимално ангажирано. Богданчани од срце нè поддржуваат, а играчите на Младост, стручниот штаб и управата оставаат срце на терен на секој натпревар. Очекувам така да биде и во сабота”, изјави Андоновски

Натпреварот меѓу Младост и Драчево Јуниор ќе се одигра на 15 ноември (сабота) во спортската сала „Млаз“ со почеток од 19:00 часот.

ТАБЕЛА

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT