Шампионот и тренерот Симовски ја прекинаа соработката

200

Македонскиот шампион Ѓорче Петров и тренерот Симе Симовски ја прекинаа соработката, која траеше од декември 2021 година, потврди довчерашниот тренер на „лавиците“ за Спортска Димензија.

Симовски го водеше Ѓорче Петров до четири титули во националното првенство и две Куп титули, а во сезона 2023/24 го одведе тимот и до четвртфиналето во Европскиот Куп.

Во наредниот период ќе се знае дали Ѓорче Петров ќе ангажира нов тренер. На натпреварот со Куманово тимот го предводеше Александар Царчев, кој работи во вториот тим и младинските категории на актуелниот шампион.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT