Кадетите на Овче Поле триумфално во Радовиш

66

Кадетскиот тим на Овче Поле на гостувањето кај Радовиш против истоимената екипа славеше со 21:13. во натпревар од 8. коло.

Предводници во победата на тимот од Свети Николе беа Алексеј Петров со шест и Стефан Паневски со пет погодоци, по три реализации имаа Давид Ристов и Огнен Андушов, два пати погоди Теофил Јанев, а по еднаш реализираа Благој Менчов и Иван Гичев.

Во поразениот тим отскокнаа Стефан Трајанов и Александар Ѓорѓиев со по четири погодоци.

За тимот предводен од Никла Бисинов ова беше трета сезонска победа и со новите бода сега има шест на свое конто. Радовиш по осум одиграни натпревари останува без освоен бод.

Во текот на утрешниот ден ќе се одиграат последните три натпревари кај кадетите за оваа година, а првенството во кадетска конкуренција ќе продолжи следната година, односно на 21 и 22 февруари.

Кадетска машка лига, 8. коло, резултати:

Група А
Радовиш – Овче Поле 13:21 (6:10)
Вардар – Текстилец – во тек
15/11, 18:00, Вардар Илинден – Мулти Есенс
16/11, 17:00, Младост – Еурофарм Пелистер 2

Група Б
Струга – Охрид 22:23 (10:12)
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 32:31 (17:14)
16/11, 13:00, Пролет – Преспа
16/11, 16:30, Македонија Ѓорче Петров – Прилеп

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT