Кадетскиот тим на Вардар во натпревар од 8. коло од кадетската лига без проблеми славеше над Текстилец со 48:29 (27:13).
Најефикасен во вардаровиот табор беше Тео Радуловиќ со седум погодоци, шест додаде Лука Станковски, пет постигна Андреј Лефтеров, а четири додаде Никола Миланов.
Голманот Алекс Трајановски во победата на „црвено-црните“ имаше 13 интервенции, а Димитар Пецев осум.
Кај Текстилец, прво име беше Петар Зафиров, кој воедно беше и најефикасен на натпреварот со десет погодоци.
За кадетите на Вардар ова беше седма сезонска победа, имаат само еден пораз и со новите бода дојдоа до 14 на свое конто, доволно за втората позиција на табелата во групата А, во која лидерот Мулти Есенс има осум од осум.
Во текот на утрешниот ден ќе се одиграат последните три натпревари кај кадетите за оваа година, а првенството во кадетска конкуренција ќе продолжи следната година, односно на 21 и 22 февруари.
Кадетска машка лига, 8. коло, резултати:
Група А
Радовиш – Овче Поле 13:21 (6:10)
Вардар – Текстилец 48:29 (27:13)
Вардар Илинден – Мулти Есенс 28:36 (14:18)
16/11, 17:00, Младост – Еурофарм Пелистер 2
Група Б
Струга – Охрид 22:23 (10:12)
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 32:31 (17:14)
16/11, 13:00, Пролет – Преспа
16/11, 16:30, Македонија Ѓорче Петров – Прилеп
ТАБЕЛА
