Костадиновски: Атмосферата беше фантастична, тешко дека некој ќе освои бодови во Богданци

267

Амбициозниот прволигаш Младост од Богданци го доби и третото дерби во прволигашката конкуренција, славејќи над Драчево Јуниор со 38:26 во рамките на 10. коло.

Младост сега има девет победи од исто толку натпревари, односно 18 бода на свое конто и доколку продолжи до крајот на сезоната со истиот ритам, тогаш суперлигашкиот ракомет ќе се врати во Богданци.

Голманот на домаќините Кристијан Костадиновски имаше свое шоу, забележа дури 20 интервенции.

Костадиновски во изјава за Спортска Димензија ги сподели импресиите по убедливиот триумф.

„Воопшто не очекувавме ваква лесна победа, но кога играш ваква одбрана цели 60 минути и со добра транзиција, резултатот сам си доаѓа…Машката игра во одбраната беше пресудна на овој дерби натпревар за кој се подготвувавме цела недела, и сè што договоривме го исполнивме. Мислам дека заслужено дојдовме до победата. Атмосферата, како и секогаш, беше фантастична. Во ваква атмосфера тешко дека некој ќе освои бодови во Богданци. Сега ни преостануваат уште три натпревари до полусезоната, кои треба да ги одиграме максимално фокусирано за да бидеме перфектни до паузата.“

Избраниците на Горан Андоновски во следното коло ќе гостуваат кај Шампион.

Младост останува перфектен – драчевци „изгореа“ во пеколната атмосфера во „Млаз“

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT