Еден од дебитантите во Првата лига во женска конкуренција, тимот на Јехона, се израдува на втората сезонска победа, откако по втор пат беше подобар од Шампион.
Избраничките на Фари Селмани триумфираа со 24:16, а до убедливата победа дојдоа со одличната игра во вториот дел. Во првиот дел се играше рамноправно, па домаќинките заминаа на одмор со минимална предност од 9:8.
Во победничкиот тим се истакнаа Алтина Хасани со осум и Бленда Абдулаји со седум погодоци, а свој придонес во победата даде и Агнеса Хасани, која погоди четири пати.
Прва женска лига, 9. коло, резултати:
Овче Поле Славјански Универзитет – Стружанка 32:18 (13:7)
Атлетик – Деспина 29:16 (13:5)
Јехона – Шампион 24:16 (9:8)
Ѓорче Петров 2 – слоб.