Стружанка во Гевгелија ја прослави првата победа во кадетската лига

79

Кадетскиот тим на Стружанка на гостувањето кај Гевгелија Југ славеше со 29:25 и ја запиша првата сезонска победа.

Денешниот натпревар од 6. коло воедно беше и последен за Стружанка во првиот дел од сезоната, бидејќи во 7. коло е слободна. Првенството за кадетките продолжува следната година, кон крајот на месец февруари.

Во победничкиот состав најефикасна беше Еџе Сејадин со десет погодоци, осум постигна Јана Петреска, а Бојана Билкова заврши со седум реализации.

Голманката Марија Дуновска, исто така, имаше значаен придонес во победата со 13 интервенции, а Сара Илиоска имаше четири одбранети удари.

Кај Гевгелија Југ, најдобар стрелец беше Ружица Кирова со осум реализации

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT