Син на екс македонски репрезентативец го води Лимож кон ЛШ!

303

Францускиот шампионат, кој е еден од најдобрите во Европа, и во оваа сезона нуди доста интернересни натпревари, а еден од тимовите кои котира високо на табелата е Лимож.

Ракометарите на Лимож на 11 одиграни натпревари остварија седум победи, две реми и загубија двапати – од Нант и Монпелје. Тимот на Лимож е позициониран на 4. позиција со 16 бода, еден бод повеќе има Монпелје, второпласиран е Нант со 20, додека актуелниот лидер ПСЖ има 22 бода.

Со оглед на малата бодовна разлика, Лимож има големи шанси за првпат во својата историја да избори место во Лигата на шампионите. Еден од најзаслужните за одличните резултати на Лимож е украинскиот репрезентативец Игор Турченко.

24-годишниот Турченко во 11. коло од францускиот шампионат повторно имаше одлична партија, постигна десет погодоци против Ним, а неговиот тим успеа да освои бод на неизвесниот меч. По завршувањето на колото, тој беше избран во идеалната седморка на шампионатот.

Средниот бек е син на поранешниот македонски репрезентативец Сергеј Турченко, кој во својата играчка кариера остави голема трага во Младост Богданци, а настапуваше и за Борец Тедико и Климент Охридски. За Македонија настапи на квалификациите за Европското првенство 1998.

Неговиот постар син Дмитро ја започна кариерата токму во Богданци, еден период играше и во Прилеп. Сопругата на Сергеј, Ирина, исто така беше на ракометните терени, настапуваше за Млаз Богданци и Гевгелија.

Од следното лето, Игор ќе настапува во Нант, клуб во кој ќе остане најмалку до 2029 година.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT