Ракометарите на Партизан од Гевгелија ја забележаа петтата сезонска победа, откако триумфираа пред својата публика против Овче Поле со 35:33 во натпревар од 13. коло од Првата лига.
Иако гостите во првиот дел во неколку наврати имаа 3-4 гола предност, сепак, домашниот тим покажа карактер кога најмногу требаше и замина на полувреме со плус пет, 20:15.
Во вториот дел следуваше многу подобра игра на домашниот тим, кој го контролираше темпото, ја зголемуваше предноста, па во финишот се опушти и дозволи гостинот да се избори за пристоен пораз.
Предводник во победата на домашната екипа беше Јован Гетов со 12 погодоци (сите од игра), осум постигна Горан Лисичков, пет запиша Мартин Ашовалиев, а четири пати погодои Димитар Атанасов.
Кај поразениот табор се истакнаа Илија Димов со осум и Кирил Буровски со шест погодоци.
Во последното коло од есенскиот дел, тимот на Партизан ќе го пречека Кичево, додека Овче Поле ќе гостува во Неготино.
Прва машка лига, 13. коло, резултати:
Преспа – Младост 25:42 (14:22)
Христијан Ристевски 10/Даниел Андоновски 15
Аеродром – Јехона 34:30 (17:14)
Бојан Поповски 9, Матеј Марковски 8/Адис Салиу 11
Вардар Неготино – Македонија Ѓорче Петров 31:32 (20:19)
Мице Шилегов 7/Бојан Чакалиќ 10
Драчево Јуниор – Мулти Есенс 25:31 (13:16)
Филип Петровски 8/Немања Џигероски 12
Партизан – Овче Поле 35:33 (20:15)
Јован Гетов 12/Илија Димов 8
07/12, 19:00, Шампион – Текстилец
Кичево – слоб.