Екипата на Пелистер победнички ја заврши годината, откако во натпревар од 13. коло од Женската лига славеше над Спартак со 11 гола разлика, 31:20.
Гостинките доминираа од стартот, на полувреме имаа предност од 11:7, додека во вториот дел одиграа далеку поквалитетно, постигнувајќи дури 20 погодоци.
Анастасија Тодоровска беше најефикасна во победничкиот табор со девет погодоци, шест од нив пеа од пенал, а свој придонес во убедливата победа дадоа и Сара Котевска и Даниела Шиниковска, кои постигнаа по пет погодоци, четири имаше Леона Елмазовска, по три пати погодоија Едина Мемиќ и Ана Стојчевска, а по една реализација имаа Невена Бундоска и Ариана Сулејмановска.
Кај Спартак, Зорица Андовска беше најефикасна со седум погодоци, два помалку имаше Јана Грковска.