Сениорите утре ги стартуваат подготовките за ЕП 2026

97

Машката сениорска ракометна репрезентација утре ќе ги започне подготовките за настапот на Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.

Во конкуренција за настап на континенталниот собир се 21 ракометар, а единствен интернационалец меѓу нив е голманот Мартин Томовски, кој имаше одлична полусезона во дресот на Битигхајм.

По базичните подготовки во Скопје, македонската експедиција ќе замине за хрватскиот град Пореч, каде ќе одработи заеднички тренинзи со светскиот вицепрвак Хрватска, а на 28 декември двете репрезентации ќе одиграат и пријателски натпревар. По подготовките во Хрватска, нашата репрезентација се враќа во Скопје и пред заминувањето за Хернинг ќе има уште неколку контролни натпревари.

Македонија на 7 јануари заминува за Швајцарија, каде ќе биде дел од „Жолтиот куп“ во Винтертур. На 8 јануари на програмата е дуелот со Бахреин, еден ден подоцна следува натпреварот со Украина, а на 10 јануари избраниците на Лазаров ќе тестираат со Швајцарија.

Потоа експедицијата заминува за Данска, каде најверојатно ќе биде одигран уште еден пријателски натпревар. Европското првенство ќе започне на 15 јануари и ќе трае до 1 февруари.

Во групната фаза, репрезентацијата на Македонија ќе се соочи со Данска, Португалија и Романија.

Распоред на натпревари:
16 јануари, 20:30, Данска – Македонија
18 јануари, 18:00, Македонија – Португалија
20 јануари, 18:00, Македонија – Романија

Само најдобрите две репрезентации од секоја група (вкупно шест) ќе продолжат во главната фаза. Доколку Македонија се пласира во главната фаза, тогаш ќе продолжи да игра во Хернинг, а за ривали ќе ги има најдобрите две од од групата А (Германија, Шпанија, Србија и Австрија) и најдобрите две од групата Ц (Норвешка, Франција, Чешка, Украина).

ЧЕТВОРИЦА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ПРЕД МОЖЕН ДЕБИТАНСКИ НАСТАП НА ГОЛЕМИТЕ НАТПРЕВАРУВАЊА

На Европското првенство дури четворица репрезентативци би можеле да го имаат својот дебитански настап на големите натпреварувања. Станува збор за тројцата членови на Алкалоид – Дамјан Митев, Мартин Ивановски и Михаил Аларов, како и Самоил Ристевски од актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT