Ален Ќосевски ново засилување во амбициозниот Охрид

170

Амбициозниот проект на Охрид добива ново засилување во името на Ален Ќосевски, кој во редовите на „гладијаторите“ пристигнува од вицепрвакот Вардар.

Ресенчанецот, кој шест и пол години го носеше дресот на Вардар, со Охрид се договори на соработка од една и пол сезона.

Ќосевски во тимот предводен од Борис Ројевиќ ќе биде замена за Гал Цирар, кој пред неколку месеци ја напушти Македонија и кариерата ја продолжи во Австрија.

Десното крило ги има минато сите младински категории во репрезентацијата на Македонија, а неговото име редовно се наоѓа на поширокиот список на сениорската репрезентација.

Охрид на позицијата десно крило на располагање го има и искусниот Дарко Ѓукиќ, исто така поранешен ракометар на „црвено-црните“.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT