Тимот на Охрид, кој амбициозно влезе во оваа сезона, веќе испиша историја, откако ја имаше својата најдобра полусезона, а на европска сцена се пласираше во осминафиналето во Европскиот Куп.
Српскиот стратег и тренер на Охрид, Борис Ројевиќ, во интервју за „Моцарт Спорт“ зборуваше за најуспешната полусезона на клубот, амбициите, настапот во Европа, борбата во Супер лигата…
Според Ројевиќ, Вардар ќе ја освои шампионската титула, бидејќи располага со најдобар и најширок состав во лигата.
„Вардар и Еурофарм Пелистер остануваат фаворити за титулата. Тешко е да се освојуваат трофеи во Македонија, бидејќи живееме во ерата на враќањето на Вардар на старите славни патеки. Мислам дека тие ќе бидат шампиони, имаат најдобар тим и најширок состав – Малус, Горига, Борозан, сите одлични играчи. Тука е и Тузолана, кој има одлична енергија, а да не заборавиме дека цела полусезона не играше пивот Лазаревски поради повреда. Го имаат и Урош Митровиќ, кој игра одлично и е иднината на Србија на позицијата десен бек во следните 10 години“, вели Ројевиќ.
Целото интервју може да го прочитате ТУКА.
Охрид есенскиот дел го заврши на третото место, а најдобриот натпревар го одигра пред домашната публика, совладувајќи го актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.