Еден од најдобрите европски ракометни тимови, Фуксе Берлин, е заинтересиран за членот на Вардар, Дмитро Горига, кој одигра одлично во првиот дел од тековната сезона.
Украинецот, кој неодамна доби македонски пасош, според пишувањата на „RTHandball“, би можел да биде замена за Ласе Андерсон.
Данецот се враќа во својата татковина, каде што ќе настапува за амбициозниот проект Елит, па така Горига во дресот на „лисиците“ би играл една сезона, односно до доаѓањето на Јан Питлик.
Горига има актуелен договор со Вардар до крајот на оваа сезона.
Кон средината на минатиот месец, бундеслигашот се засили со Нејц Цехте, кој во Будес лигата направи камб-бек од Еурофарм Пелистер.