Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва од 20:30 часот во Пореч ќе го има првиот тест пред Европското првенство 2026.
Македонија во Пореч силите ќе ги одмери со репрезентацијата на Хрватска, која на Светското првенство 2025 стигна до сребрениот медал. Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, за вечерашниот тест меч против избраниците на Кирил Лазаров ќе настапи со состав кој главно се состои од ракометари од хрватскиот шампионат.
Кај Македонија ќе недостасува само голманот Мартин Томовски.
Натпреварот може да го следите на МРТ 3, односно на овој ЛИНК.
На Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска, нашата репрезентација е во група заедно со Данска, Португалија и незгодната Романија. Само најдобрите две репрезентации ќе се пласираат во главната фаза на континенталниот собир.