Јагуриновски нема да патува на Европското првенство

198

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го направи првиот рез во составот на македонската репрезентација за Европското првенство 2026.

Од составот за континенталниот собир отпадна бекот Томислав Јагуриновски. Лазаров потврди дека за ЕП ќе патуваат 19 ракометари, но не ја исклучи можноста тимот да биде скратен уште за едно име.

Македонија на Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска, е во групата со Данска, Португалија и Романија.

Само најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза на континенталниот собир.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT