Кадетите на Македонија ја декласираа Црна Гора

338

Машката кадетска репрезентација на Македонија забележа убедлива победа над Црна Гора со 36:21 на пријателски натпревар како дел од подготовките за настапот на Европското кадетско првенство во Србија.

Двете репрезентации утре повторно ќе одиграат контролен натпревар, а селекторот Горан Кузманоски вечерва имаше можност да провери и некои нови сили, со оглед на тоа што недостасуваа неколку играчи.

Најефикасни во редовите на Македонија беа Бобан Поповски со седум и Јован Петрески со шест погодоци.

Исто како и Македонија, репрезентацијата на Црна Гора ќе учествува на предстоечниот континентален собир на кадетите.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе