Од тотален аутсајдер до победник: Будуќност ги демантираше обложувалниците

115

Црногорскиот шампион Будуќност во рамките од 9. коло од Лигата на шампионите го направи најголемото изненадувње, откако на гостувањето во Романија кај амбициозниот тим на Глорија Бистрица триумфираше со 38:34 (18:18) пред 3.000 навивачи.

Будуќност пред тој натпревар имаше само еден освоен бод и седум порази, а со победата против романскиот тим, остана во игра за пласман во осминафиналето во најквалитетното европско натпреварување.

По натпреварот, на неколку романски ракометни групи на социјалните мрежи се појавија коментари од типот дека резултатот е сомнителен, со оглед на тоа што коефициентот за победа на Будуќност се движеше од 10 до 14.

Сите кои го пратиме женскиот ракомет, посебно оној од ЛШ, знаеме дека може да се случи ваква сензација , се случувало и во минатата, и пред две сезони, особено од тимови како Будуќност, Подравка…

Гостинскиот тим во победата беше предводен од Јелена Радивојевиќ, сопруга на пелистерецот Богдан Радивојевиќ. Искусниот бек натпреварот го заврши со осум погодоци од 13 обиди.

Глорија Бистрица е сигурен патник во осминафиналето, но има и големи шанси да обезбеди директен пласман во четвртфиналето. До крајот од групната фаза треба да се одиграат уште пет кола.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT