Денеска со дуелот меѓу ТФТ и Куманово беше отворена новата сезона во прволигашката конкуренција. Домаќините во СРЦ „Кале“ беа подобри против дебитантот, триумфираа со 81:70. Гостите од Куманово се покажаа како незгоден ривал, беа подобри во првото полувреме, додека домаќините во она одлучувачко, второ полувреме. Одлично деби во дресот на ТФТ имаше Дарин Говенс со 23 поени, но и македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ со 17. Во поразениот табор незапирлив беше Тадија Тадиќ, кој натпреварот го заврши со 25 поени, а уште 14 додаде Антабија Волер.
Целиот натпревар може да го погледнете на видеото во продолжение…