Вардар на европски тест – гостува Валур

128

Денеска ќе започне новата сезона во Лигата на Европа, во која претставник на Македонија ќе биде Вардар. Избраниците на Владо Недановски во групната фаза ќе играат против Порто, Мелсунген и Валур, а прв ривал на „црвено-црните“ ќе биде исландскиот Валур, кој во својот состав има млади и искусни ракометари. Најзвучни имиња во тимот од Исланд се голманот Бјоргвин Густавсон и десниот бек Александар Петерсон. Голем хендикеп за Вардар на денешниот натпревар ќе биде отсуството на левиот бек Дмитро Горига.

Како што е познато, ракометарот од Украина ќе биде надвор од терените, бидејќи заработи тешка повреда на шутерската рака. Тренерот Недановски на левата бековска позиција ќе може да смета на Стефан Петриќ, Матија Николиќ и Вуко Борозан.

Натпреварот меѓу Вардар и Валур ќе се одигра денеска во СЦ „Јане Сандански“, со почеток во 20:45 часот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе