Вардар ја доби драмата против Црн Дрим и го обезбеди првото место

91

Довчерашниот суперлигаш, тимот на Вардар, пред својата публика славеше над Црн Дрим со 91-82 по продолженијата од пет минути, во кои беа далеку подобри од гостите од Струга во натпревар од 14. коло од прволигашката конкуренција.

Регуларниот дел од натпреварот заврши 74-74, а во дополнителните пет минути избраниците на Јованчев го скршија отпорот на гостинскиот тим, кој имаше неколку расположени играчи, но тоа не беше доволно за да си замине со победа.

Дамјан Данев беше најдобар во победничката екипа со 27 поени, Сергеј Младеновски реализираше 13, Григориј Ѓорѓевиќ и Жарко Терзиевски додадоа по 13, а Дамјан Стојановски натпреварот го заврши со десет поени.

Во составот на Црн Дрим, стандардно добри беа Дион и Арт Шабани. Дион постигна 26 поени, Арт десет помалку, односно 16, додека Мухамед Ќамиловски заврши како најдобар поентер во гостинскиот состав со 27 поени.

Вардар првиот дел од натпреварувачката сезона го заврши со скор од 10-2, исто колку што има и Мега Баскет од Прилеп. Освен Вардар и Мега Баскет, од групата А во плеј-офот патуваат уште Водно Санс и Охрид.

 

ТАБЕЛА – ГРУПА А

1. Вардар 12 10 2 1106:847 (22)
2. Мега Баскет 12 10 2 1116:975 (22)
3. Водно Санс 12 6 6 1041:951 (18)
4. Охрид 12 6 6 905:893 (18)
5. Црн Дрим 12 5 7 949:965 (17)
6. Тетекс ТТК 12 5 7 872:979 (17)
7. Младинец 12 0 12 846:1182 (12)

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT