Кошаркарките на Пробаскет стигнаа до важна победа на гостувањето кај МЗТ Бела вода со 75:72, во натпревар решен во последните секунди.
За кавадарчанки ова беше четврта победа по ред, по триумфите над Делчево (95-45), Спорт Тим (84-63) и Бадел (77-76). Пробаскет сега има скор од 7-4 во најквалитетното домашно кошаркарско натпреварување.
Иако екипата од Кавадарци во еден период имаше и +13 поени, домаќинките се вратија во игра и изборија неизвесна пенал-завршница.
На осум секунди до крајот Алексова погоди две слободни фрлања за 72:73, но Томас возврати со сигурни пенали за конечни 75:72. Обидот за тројка на Алексова не донесе продолжение.
Најефикасна кај Пробаскет беше Томас со 22 поени и 13 скока, додека Јовановиќ запиша 17, а Стоева 15 поени.
Кај МЗТ Бела вода се истакнаа Корли со 22 поени и 10 скока и Херд со 20 поени и 14 скока.