Репрезентативката Гошевска го засили прволигашот Ѓорче Петров

180

Репрезентативката Софи Гошевска својата кариера ќе ја продолжи во Ѓорче Петров, каде што ќе го брани голот на вториот тим на актуелниот шампион, дознава Спортска Димензија.

Гошевска во редовите на МРК Ѓорче Петров пристигнува од Металург Автокоманда, клуб кој најверојатно нема да продолжи со натпреварување поради сериозните финансиски проблеми.

Младата голманка имаше забележителен настап на Европското младинско првенство во Црна Гора, а во редовите на младиот прволигаш би требало да донесе дополнителна стабилност меѓу стативите.

Со Металург Автокоманда минатата сезона стигна до второто место во Женската лига, додека со младинскиот тим ја освои титулата во младинската конкуренција. Гошевска токму од Ѓорче Петров пред две сезони премина во Металург Автокоманда, сега повторно се враќа во стариот дом.

На репрезентативно ниво бранеше и за кадетската репрезентација на Европското првенство во Црна Гора, а беше дел и од сениорскиот тим на турнирот во Охрид, на кој Македнија го освои трофејот.

Вториот тим на Ѓорче Петров есенскиот дел во Првата лига го заврши на 2. позиција со 16 бода.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF EURO (@ehfeuro)

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT