Поранешниот шампион на Македонија, ЖРК Вардар, кој е сконцентриран на привлекување млади репрезентативки, за време на овој зимски преоден рок успева да потпише петто име кое игра за националните млади репрезентации.
По Таида Беровиќ, Евгенија Смиљковска, сестрите Ања и Мила Лашкоски, уште една ракометарка од Металург Автокоманда преминува во вардаровиот табор.
Станува збор за талентираното десно крило Мина Ѓурческа, истата во продолжение од сезоната ќе ги брани боите на поранешниот шампион на Македонија. Од денес официјално, младата и квалитетна ракометарка која е пионерска репрезентативка на Македонија станува дел од вардаровото семејство.
Истата во Вардар покрај за сениорската, ќе има прилика да настапува во младинските категории. Одличното 15 годишно крило е родено 2010 година, пред тимот од Автокоманда настапуваше во екипата на Скопје.
Денеска се најде на списокот за Медитеранското првенство кое ќе се игра оваа година во Приштина, Косово.