Македонија ќе биде домаќин на Европското првенство за кадети

51

ФИБА Европа организацијата за Европското првенство во Б-Дивизија, во категорија У16-мажи, и ја додели на македонската кошаркарска куќа.

Натпреварувањето ќе се одржи во периодот од 5 до 16 август, а на шампионатот ќе учествува и машката репрезентација на Македонија, која ќе има можност да настапува на домашен терен.

Од Кошаркарската федерација истакнуваат дека ова првенство претставува големо признание за македонската кошарка, но и сериозна обврска, со очекување младите репрезентативци да покажат борбеност и квалитет на европската сцена.

Воедно, од Кошаркарската федерација на Македонија потенцираат дека ваков настан ќе придонесе за дополнителна промоција на кошарката во земјава и ќе биде значаен мотив за развој на младинските категории.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT