Стефан Лазаревски се врати во редовите на Драчево

210

Младиот Стефан Лазаревски (генерација 2007) кој првиот дел од тековната сезона го мина во редовите на Куманово, во продолжението ќе настапува во Првата лига.

Кружниот напаѓач се врати во редовите на Драчево, клуб кој есенскиот дел го заврши во ТОП 5, односно на третата позиција со 20 бода.

Лазаревски во својата кариера беше дел и од младинските категории на РК Будимир, РК Аеродром, РК Вардар и РК Голден Арт каде во својата возрасна категорија имаше одлични настапи.

Драчево веќе ги започна подготовките за продолжението од сезоната, а првенството во прволигашката конкуренција продолжува на 13/14 февруари.

Ракометарите на Драчево во 15. коло, пред својата публика, ќе играат против Аеродром.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT