Суперлигашко засилување за Партизан, во Гевгелија пристигна и екс кадетски репрезентативец

341

Прволигашот Партизан Гевгелија за продолжението од тековната сезона доби квалитетни засилувања со суперлигашко искуство.

Станува збор за довчерашниот член на Радовиш, Илија Табаков, како и за поранешниот кадетски репрезентативец на Македонија, Стојанчо Наумовски.

Табаков потекнува од велешката ракометна школа, има настапувано и за Бутел Скопје, а пред преселбата во Радовиш играше во родниот град.

Наумовски досега настапуваше за Младост Богданци, клуб кој посветено работи со младинските категории и кој е на добар пат да се врати во елитата.

Партизан Гевгелија есенскиот дел од сезоната го заврши со биланс од шест победи и седум порази.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT