Тасевска го предводеше Вардар до победа против шампионот

90

Екипата на Вардар, по поразите од Крива Паланка (62-53) и МЗТ Бела вода (67-51), им се врати на победите во најквалитетното домашно кошаркарско натпреварување, откако на гостувањето кај актуелниот шампион Баскет Кам триумфираше со 54-43 во натпревар од 12. коло.

Клучниот момент на натпреварот се случи во третата четвртина, кога „црвено-црните“ целосно го презедоа ритамот на игра. По израмнетиот резултат по првите 20 минути (22:22), Вардар одигра доминантен трет период и со серија од 17-5 направи решавачка разлика.

Во тие моменти се истакна Тасевска, која по скромниот учинок во првото полувреме, одигра одлично во останатие 20 минути и беше двигател на нападот на гостинската екипа. По три одиграни четвртини Вардар веќе имаше убедлива предност од 39:27, која рутински ја задржа до самиот крај.

Елена Тасевска го заврши натпреварот со 16 поени и шест скока, додека значаен придонес даде и Милица Николиќ со 11 поени и дури 16 скока.

Во редовите на Баскет Кам, кој го претрпе вториот пораз во досегашните 12 кола, и вториот повторно од вардарки, се истакна Цветанка Димова со 13 поени, осум скока и три асистенции, а Сања Адамовска постигна 10 поени со шест скока и три асистенции, додека Ивана Кметовска забележа „дабл-дабл“ учинок од 10 поени и 17 скока, дополнети со четири асистенции.

Прва лига, 12. коло, резултати:
Баскет Кам – Вардар 43-54
Крива Паланка – Пробаскет Кавадарци 63-52
Патриот – Спортисимо 59-40
МЗТ Скопје Бела вода – Бадел 65-76

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT