Тиквеш на жешко гостување во Прилеп, борбата за ТОП 6 влегува во финишот

124

Со натпреварот меѓу Бутел и Вардар започна новото, 20. коло во Супер лигата, во која веќе се познати четири патници во плеј-оф фазата, додека за преостанатите две места во игра се дури четири екипи. Тоа се Тиквеш, Бутел, Прилеп и Еурофарм Пелистер 2.

Кавадарчани денеска ги очекува тешко гостување кај прилепчани, кои ќе посакуваат триумф, или пак реми, за да останат во трката за ТОП 6.

Предводени од искусниот Димитар Димитриоски, како и поддршката од публиката, домаќините секогаш знаат да бидат незгодни на домашен терен. Тоа го покажаа и со победата против Бутел, но и со добрите партии против посилните екипи.

Избраниците на Кристијан Грчевски со евентуална победа би завршиле голема работа, бидејќи во 21. коло ќе играат на домашен терен против Куманово, а во последното коло од регуларниот дел ќе гостуваат кај Бутел Скопје. На дуелот со кумановци, Тиквеш ќе ја има улогата на фаворит.

И во зависност од исходот на натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Алкалоид , дуел на кој гостите од Автокоманда важат за фаворити, ќе биде јасно што точно ќе му биде потребно на Тиквеш во преостанатите две кола.

Доколку Еурофарм Пелистер 2 загуби, а Тиквеш вечерва победи во Прилеп, тогаш кавадарчани повторно ќе бидат меѓу најдобрите шест екипи и повторно ќе се борат за настап во Европа.

Тиквеш и Бутел, кој има натпревар повеќе, имаат по 20 бодови, младите пелистерци се на 17, додека Прилеп има 16.

Супер лига, 20. коло, резултати и распоред:
Бутел Скопје – Вардар 23:34 (12:20)
Куманово –  Охрид 14:30 (5:15)
11.02, 17:30, Еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид
11.02.19:00, Радовиш – Еурофарм Пелистер
11.02, 19:00, Пролет – Струга
11.02, 19:30, Прилеп – Тиквеш

ТАБЕЛА

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT