ЕХФ со специјално видео му се „поклони“ на капитенот Филип Кузмановски

240

Европското ракометно првенство, на кое Данска стана новиот европски шампион, е зад нас, а ЕХФ и понатаму ги враќа филмските ленти од највпечатливите моменти од континенталниот собир.

Еден од тие моменти, без дилема, беше одличната партија на македонскиот капитен Филип Кузмановски на дуелот со Португалија. Во натпреварот кој заврши без победник, Кузмановски одигра меч за паметење и постигна дури 15 погодоци.

ЕХФ го издвои неговото издание со посебно видео, но и со коментар: „Најдобриот натпревар во историјата на Европските првенства? 15 гола од 18 шута – почит за Филип Кузмановски“, напишаа од европската ракометна куќа.

Настапот на македонскиот лидер останува запишан како еден од најдоминантните индивидуални перформанси на Европското првенство.

Македонија иако не успеа да ја мине групата, покажа квалитетна игра, освои реми против Португалија, ја победи Романија, додека во 1. коло очекувано беше поразена од Данска.

SPORT