Ракометниот клуб Прилеп по вторпат ќе биде домаќин на меѓународен турнир за најмладите (генерација 2012-2013) во периодот од 14 до 15 февруари.
Натпреварите ќе се играат во спортската сала „Ристе Ристески Ричко“ и во формат 2×20 минути.
Кај машките екипи, покрај Прилеп, ќе учествуваат уште Тиквеш, Илинден Вардар и грчки Аминтас.
Кај девојките ќе се натпреваруваат Деспина, Пелистер, Илинден Вардар и Аминтас, кој по вторпат е дел од овој турнир.