Стружанка рутински одработи против Шампион

178

Екипата на Стружанка победнички го започна вториот дел од сезоната, откако триумфираше на гостувањето во Скопје кај Шампион со 39:12 (17:7)  во натпревар од 14. коло од прволигашката ракометна конкуренција.

За Стружанка ова беше четврта сезонска победа, со што го зголеми бодовното салдо, сега има десет бодови на табелата, додека Шампион останува без освоен бод во досегашниот тек од сезоната.

Најефикасни кај Стружанка беа Вања Маџоска, Еџе Сејадин и Тијана Переска со по седум погодоци, шест постигнаа Теодора Маркоска и Маја Раткушиноска, четири пати стрелаше Марија Маркоска, а Бојана Билкова и Маја Котушеска имаа по една реализација.

Кај Шампион, Катја Маркоска и Катерина Тосеска беа најефикасни со по три погодоци.

Во следното, 15. коло, тимот на Стружанка ќе гостува во Гостивар кај Јехона, додека Шампион на свој терен ќе ја пречека Деспина.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT