Најтрофејниот клуб од Хрватска, Загреб, повторно прави промена на тренерската клупа. Ново име на чело на тимот е повратникот Борис Дворшек, кој ќе го замени досегашниот стратег Ненад Шоштариќ. Иако честите тренерски смени не се новитет за Загреб, овојпат причината е поинаква од претходните одлуки на клубот. Станува збор за принудна промена, бидејќи Шоштариќ моментално не е во можност физички да ја извршува функцијата. Искусниот стратег неодамна доживеа сообраќајна несреќа и сѐ уште закрепнува, поради што не може активно да ја води екипата. Загреб на 18 феврури пред својата публика ќе го пречека ПСЖ во рамките од Лигата на шампионите.
Директорот на РК Војводина, Дарко Јевтиќ, се наоѓа во вештачка кома по несреќата што се случила на обиколницата кај Белград, во кој трагично животот го загуби неговата сопруга, поранешната српска тенисерка Татјана Јечменица Јефтиќ. Според неофицијални информации од српските медиуми, Јечменица, која го управувала возилото, го промашила излезот и при обид да се врати наназад дошло до директен судир со камион. Поради трагедијата, дерби средбата меѓу Динамо Панчево и Војводина, која требаше да се одигра денес, е одложена на неодредено време.
Според пишувањата на исландските и германските медиуми, бундеслигашот Гумерзбах сериозно работи да го ангажира голманот на Барселона, Виктор Гисли Халгримсон, за сезона 2027/28. Исландскиот репрезентативец важи за еден од најперспективните голмани во Европа и веќе подолго време е на радарот на неколку бундеслигаши. 25-годишниот голман летоска од Висла Плоцк се пресели во каталонскиот гигант, а претходно настапуваше за Нант и ГОГ. Пред некоку дена, бундеслигашот се пофали со потписот на поранешниот член на Вардар, Алекс Душебаев.