Есенскиот шампион од прволигашката конкуренција, тимот на Младост, во својот прв натпревар од вториот дел од сезоната славеше над Партизан од Гевгелија со 39:23, продолжувајќи го максималниот ефект, 13 победи на 13 натпревари.
Гостите од Гевгелија во Богданци парираа колку што можeа, а на полувреме домаќините имаа предност од 17:13. Во второто полувреме квалитетот на Младост дојде до израз, па избраниците на Горан Андоновски постепено ја зголемуваа предноста.
Победничката екипа беше предводена од Даниел Андоновски, кој постигна 11 погодоци, додека кај поразениот табор блесна Илија Пејкоски со 14 реализации во мрежата на домаќините.
Во следното, 16. коло, Младост ќе гостува кај Вардар Неготино, додека Партизан ќе ја пречека Јехона од Гостивар.